Век
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Век или столетие — временски период од сто последователни години. Во повеќето јазици, како во македонскиот, вековите се именуваат со редни броеви, како на пр. „деветти век н.е.“. Во Европа исклучок се скандинавските јазици, кои вековите ги изразуваат во стотини (на пр. „1900-тите“).
Почеток и крај во грегоријанскиот календар
Според грегоријанскиот календар, I век н.е. започнал на 1 јануари 1 г. и завршил на 31 декември 100. II век започнал во 101 г., III век во 201 г. итн. Формулата гласи дека n век започнува во 100×n - 99 година.
I век п.н.е. и н.е.
Не постои „нулти век“ помеѓу I век п.н.е. и I век н.е.. Затоа не постои ни 0 година н.е.[1]. јулијанскиот календар „прескокнува“ од 1 п.н.е. на 1 н.е. Првиот век п.н.е. го опфаќа периодот од 100 п.н.е. до 1 п.н.е.. Другите векови пред нашата ера ја следат истата шема.
Remove ads
Датирање во други календарски системи
Освен Грегоријанскиот, јулијанскиот календар и хинду календарот користат годишни циклуси за цели, округли временски периоди. Да речеме, хинду календарот користи циклуси од 60 години.
Вековите во астрономскиот систем
Астрономското броење на годините што го користат астрономите има и нулта година (0). Затоа првиот век во овој календар ги опфаќа годините 0 до 99, вториот 100 до 199 итн. Меѓутоа за 2000 г. да се смета за прва година од XXI век, астрономската 0 година мора да соодветствува на грегоријанската година 1 п.н.е.
Векот како тема во уметноста
- „Портрет на крајот на векот“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[2]
- „Крајот на векот“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[3]
Наводи
Белешки наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads