Стопански развој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стопански развој (или економски развој) — зголемување на економското богатство на определен регион или држава. Може да се разбере и како севкупност од сите напори кои една држава ги презема сè со цел да се зголеми стопанскиот раст односно стопанскиот живот на самите граѓани на определена земја.
Стопанскиот раст наспроти стопанскиот развој
Во економската литература, поимите стопански развој и стопански раст понекогаш се користат како синоними, имајќи предвид дека двата израза означуваат позитивни промени во стопанството. Тоа особено се однесува за квалитативните анализи каде што не се бара поголема точност, туку само се изведуваат општи заклучоци. Од друга страна, во квантитативните економски анализи се прави разлика меѓу стопанскиот раст и стопанскиот развој при што стопанскиот раст се употребува да се означи квантитативниот раст на стопанството (растот на БДП), додека стопанскиот развој се користи како поширок поим кој ги означува вкупните промени во стопанството, т.е. структурните, технолошките и институционалните промени. Оттука, стопанскиот развој е предуслов за стопанскиот раст, но исто така, тој е и резултат на стопанскиот раст. Имено, од една страна, стопанскиот раст не може да се оствари без претходни промени во структурата на стопанството и без технолошките и институционалните промени, но до друга страна, стопанскиот раст создава услови и потреби за нови промени во стопанството.[1]
![]() | Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads