Сточен Пазар (Прилеп)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сточен Пазар (Прилепска населба)

"Сточен Пазар" е една од поновите населби во Прилеп и датира од 60-тите години на XX век. Името "Сточен Пазар" го добива по поранешниот сточен пазар кој се наоѓал на местото на денешниот (царински терминал) и индустриската зона (Прилеп 2)[1]

Оваа населба брои од 1200 до 1300 жители, или околу 380 куќи и се протега во делот помеѓу железничката пруга и градската река.[2]

Населбата Сточен Пазар има само 4 (четири) улици со нивните краци.

  • ул. Трајко Николоски (која се протега од ул. Александар Македонски до Крушевско Џаде)
  • ул. Осоговска (која е најголема се протега низ средината на населбата)
  • ул. Бистра Планина (се протега помеѓу ул. Осоговска и градската река)
  • ул. Кордун (старо име - Карпошово Востание)(се протега помеѓу ул. Осоговска и железничката пруга)

Жителите во ова маало потекнуваат претежно од места помеѓу поранешна Општина Тополчани и поранешна Општина Витолиште, а како нај застапени се жителите на с.Бонче и с.Марул со околу 80% од вкупното население.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads