Стрижак
врв на планината Јабланица во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стрижак (на топографски карти и Стрижек) — планински врв на Јабланица, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.233 метри[1], со што тој е вториот највисок врв на планината Јабланица. Се наоѓа во средишниот дел на планината Јабланица, односно во крајниот северниот дел на нејзиното главно било, во непосредната близина на врвот Пупуљак и двете езера Горно и Долно Лабунишко Езеро и непосредно во линија западно над Лабуништа и југозападно од селото Јабланица од каде поради длабоката клисура што ја формира Јабланичка Река во неговото подножје само го засилува таквиот доминантен изглед на Стрижак[2]. Препознатлив е по својот многу интересен и доминантен остар и издаден изглед во однос на длабокиот дол кон југ. Од главниот срт на протегање на планината Јабланица е одвоен кон исток и е поврзан со седлото (превојот) Невестин Гроб, а од блискиот врв Пупуљак е поставен на исток. На неговата западна и југозападна падина има карпест предел и сипар со ситни камења. Секоја година на 13 јули Павловден (Павел) помеѓу месното население постои традиција на искачување на Стрижак и посета на прекрасните леднички езерца што се на Св. Павле на овие простори во време на неговото мисија за ширење на христијанството низ Македонија[2]. Врвот Стрижак бил 10 врв за искачување во програмата на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ во јули 2017 година.
Remove ads
Галерија
- Глетка на врвот Стрижак непосредно од запад
- Глетка на врвот Стрижак непосредно од исток
- Глетка на врвот Стрижак од југ
- Глетка на врвот Стрижак од запад
- Глетка на врвот Стрижак од запад
- Глетка на врвот Стрижак од запад
- Стадо овци пасе на самиот врв Стрижек
- Глетка на врвот Стрижак непосредно од исток
- Глетка на врвот Стрижак непосредно од исток
- Поглед кон Подгоречкото Езеро со врвот Стрижак во позадината
- Глетка од врвот Стрижак со врвот Пупуљак во позадината
- Глетка од врвот Пупуљак со врвот Стрижак во позадината
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads