Стриптиз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стриптиз (од англ. strip — „соблекува“ + tease — „дразни“) — еротски танц при кој изведувачот (обично жена) постепено се соблекува.[1][2]

Професионалниот стриптиз обично се изведува во ноќни клубови. Класичен елемент на стриптизот е пилонот (шипката), околу кој танцува и се соблекува стриптизерката или стриптизерот. Стриптизерката може да се симне од бината во публиката, да флертува и да седи во скутот на посетителите. Типично правило е на посетителите да им е забрането да ја допираат стриптизерката, но таа може да ги допира посетителите. Месните и централните власти поставуваат закони што одредуваат до кој степен на стриптизерката ѝ е дозволено да се разголи.
Понекогаш муштеријата може да нарача „приватен танц“, каде што стриптизерката ќе танцува само за него во посебна просторија (под дискретен надзор од обезбедувањето). Оваа услуга чини дополнителни пари — околу 20 долари во САД. Посетителите често им даваат пари на стриптизерките и кога не танцуваат. Стриптизерките често си смислуваат звучни псевдоними.[3][4]
Remove ads
Првиот стриптиз во светот
На 9 февруари 1893 г., во Мулен руж, Париз, се случил првиот стриптиз во светот, за време на забава организирана од студенти. За време на импровизиран натпревар за убавина, манекенката со уметничкото име Мона ја соблекла целата облека, поради што била уапсена и казнета со 100 франци.
Истата 1893 г., стриптизот се појавил и во Чикаго, каде што се разголила една кабаретска танчарка.[5]
Професионални особености
Доколку првично не постоеле критериуми за стриптизерките, тие сепак се појавиле со растот на конкуренцијата. Како по правило, стриптизерките се млади (20-30 години), имаат изглед на манекенка, се добро негувани (епилација, маникир, педикир, фризура), во одлична физичка состојба, имаат пластичност и чувство за ритам, а исто така имаат и искуство со танцувачки настапи.[5]
Обично во клубот работниот ден на стриптизерката започнува во 22 часот и завршува во 5 часот наутро, но во различни клубови работното време може малку да се разликува. Распоредот за работа е „две на две“, односно две ноќи работа и две ноќи одмор. Платата на стриптизерките обично се состои од бакшиш или наплата за приватен танц. Оваа работа може да создаде проблеми со блиските (роднини или партнери), кои можат да почувствуваат непријатност, срам или љубомора.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads