Строкир
гејзер во Исланд From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Строкир (исландски: Strokkur, „бутин“) — гејзер во геотермалното подрачје крај реката Квитау во југозападен Исланд, источно од градот Рејкјавик.[1] Се вбројува меѓу најпознатите гејзери во Исланд и избива на секои 6–10 минути.[2] Водоскокот обично е висок 15-20 м, а напати знае да достигне 40 м.


Местоположба
Гејзерот е сместен во долината Хејкадалир, кој изобилува со други геотермални појави како кални вирови, фумароли, но и други гејзери, од кои се издвојува познатиот Гејсир, по кој е наречена оваа појава.[3]
Историја
Строкир за првпат се споменува во 1789 г. кога се случил земјотрес што го одзатнал проводот на гејзерот. Во текот на XIX век избивал колебливо; во 1815 г. достигал висина дури до 60 м. Продолжил да избива сè до почетокот на XX век, кога се случил друг земјотрес кој повторно го затнал проводот. Во 1963 г. е решено проводот да се прокопа со цел конечно да се одзатне, со што гејзерот продолжил редовно да избива до денес.[3]
Remove ads
Туризам
Гејзерот и околинаата редовно привлекува посетители бидејќи претставува еден од малкуте гејзери што избиваат често и навремено.[2]
Поврзано
- Географија на Исланд
- Геологија на Исланд
- Список на вулкани во Исланд
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads