Студенчишка базилика

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Студенчишка базиликаmap
Remove ads

Св. Ѓорѓиархеолошко наоѓалиште во населбата Студенчишта, Охрид. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време[1].

Повеќе информации Основни податоци ...

Базиликата е откриена во 1954 година, поставена на падините на Петринска Планина, 3 км источно од античкиот Лихнид и во непосредна близинана Билјанини Извори. Лежи лево од патот Охрид - Св. Наум [2] Има димензии од 29 × 73,5 м. Со прекини истражувања се вршени сè до 1971 година. Таа е трикорабна, со нартекс, двоен атриум, бочни анекси, катехуменеум и крстилница. Некрополата е сместена јужно од базиликата и има гробови од камени конструкции.[2]

Користејќи го теренот, сите простории се каскадно поставувани од исток кон запад. Од декоративна пластика се откриени фрагменти од олтарната преграда. Наосот, нартексот и катехуменеумот се покриени со стилизирани геометриско-цветни елементи и животински претстави со евхаристично значење. Бочните кораби, северниот анекс и крстилницата се покриени со керамички плочи. Според декоративната пластика и мозаичната декорација, базиликата е датирана кон крајот на V или на почетокот на VI век. Истражувањата ги вршеле Васил Лахтов, Вера Битракова и Владо Маленко.[3]

Remove ads

Мозаици

Thumb
Мозаик од базиликата.

Базиликата изобилува со подни мозаици, од кои највеќето во нартекот и средниот кораб. Краевите на правоаголните подрачја се покриени со плетеници во облик на рибарски јазол, а аглите се исполнети со стилизирани бели цветови на лотос. Во кружните полиња, од север на југ, се наредени птици, риби во вода, кантароси, геометриски орнаменти и друго. Во средишниот дел има изолирани слики на птици со гранчиња, риби една над друга, а потоа и разни плодови: грозје, јаболки, круши, кошница со репка и др.[4]

Исклучителна е претставата на кантаросот, од кој два пауна пијат вода. Од него излегуваат и две бршленови грачиња со стилизирани листови од сцревиден облик. Гранчињата го пополнуваат просторот на апсидата, а пауните се изработени стилизирано. Цветовете се розово-виолетови, жолто-портокалови, сиво-сини, маслинесто-сиви, црни и бели.[4]

Објектот е прогласен за културно наследство на Македонија.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads