Суводолско Езеро
вештачко езеро во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Суводолско Езеро — вештачко езеро во близина на селото Суводол по коешто и го добило името.
Remove ads
Историја
Езерото било создадено во текот на 1977 година.[1]
Географија
Вештачкото езеро се наоѓа во подножјето на Селечка Планина, во непосредна близина на рудникот за јаглен Суводол. Оддалечено е 19 км од Битола.[2] Во североисточниот дел, акумулацијата ги зафаќа водите на Суводолска Река, Сињевирскиот, Ораховскиот и Параловскиот Поток.[1]
Намена и капацитет
Езерото било создадено за потребите на РЕК „Битола“.[2] Вкупната зафатнина на акумулацијата изнесува 6.000.000 м3 Таа го штити површинскиот коп од продор на површински води, ненадејни плавења, а служи и за обезбедување вода за ТЕЦ „Битола“. Од безбедносни причини, нивото на водата во езерото се одржува на надморска височина од 680 м. Преливниот канал на акумулацијата не е во функција, а водата од неа се одведува со помош на епоксиден цевковод со Ø 800/600 мм до каналот X и понатаму во Црна Река. Подземното отекнување под телото на браната е 27,91 л/сек., што е променливо во зависност од нивото на водата во самата акумулација.[3]
Со изградбата на езерото е нарушен природниот режим на подземните води, што дополнително го поттикнува прехранувањето на рудникот со подземни води. Влијанието на ваквото прехранување е потврдено со воспоставената корелациска врска помеѓу нивоата на водите во акумулацијата и нивоата на подземните води во пиезометрите во североисточниот дел на наоѓалиштето, со појавите на артеските води во дупнатините во североисточниот дел, како и со појавите на пукнатини (активни) во зоната помеѓу телото на браната и ПК „Суводол“.[3]
Квалитет на вода
Водата во езерото квалитативно не се разликува многу од онаа во Суводолска Река. Добриот квалитет се јавува поради тоа што водите не се подложни на загадување. Водите се неутрални, благо минерализирани, претежно меки до умерено тврди и како такви може да се користат за водоснабдување на земјоделски површини. Според макрокомпонентниот состав, тие припаѓаат на типот на води со хемиски состав HCO3-SO4/(K + Na)- Mg.[4]
Remove ads
Влијание врз животна средина

Суводолското Езеро има главно позитивно влијание врз животната средина. Покрај нејзината првична намена, таа врши прехранување на подземните води на самото наоѓалиште, што е потврдено со корелациската врска помеѓу нивото на вода во акулуацијата и нивото на подземните води во пиезометрите во североисточниот дел на наоѓалиштето.[5]
Сепак, изградбата на акумулацијата има и штетни влијанија, како што се:[1]
- локално изменување на хидрографската мрежа на теренот, т.е. трајно и неповратно уништување на речните корита на водотеците;
- локално и неповртно уништување на флората на овој дел од просторот;
- трајна иселување на животинскиот свет кој егзистирал во зона на водотеците;
- прекин во прихранувањето на подземните води во седиментите во зоните на нивните текови;
- локално снижување на нивото на подземните води во квартарните седименти, т.е. изменување на режимот на површинските и подземните води;
- локално изменување на правците на движење на подземните води во квартарните седименти; и
- континуирано прихранување на подземните води во подлабоките водоносни средини од неогениот комплекс во рудникот.
Remove ads
Галерија
- Поглед на езерото
- Езерото со селото Долно Орехово во позадина
- Браната на езерото
- Мостот на браната
Поврзано
- Суводолска Река
- Суводол (рудник)
- РЕК „Битола“
- Суводол
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads