Суканица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Суканица — јажевиден кичер коса направен со плетење на косата[1]. Суканици може да се образуваат и со техниката позната како „усукај и подели“ (англиски: twist and rip)[2]. Некогаш под суканици се подразбирале само кичерите коса кои се образуваат спонтано кога косата расте природно во подолг временски период без употреба на четка, чешел, ножици или брич. Суканиците денес се фризура за чие создавање и обликување е потребно многу време и трпение.

Remove ads
Настанок
Некои од најраните цртежи на суканици датираат од пред 3600 години, од Минојската цивилизација, една од најстарите европски цивилизации која се наоѓала на Крит (денес дел од Грција) [3]. На островот Тера (денес Санторини, Грција) пронајдени се фрески на кои се лица со усукани коси стилизирани во долги суканици [3][4]. Исто така на археолошките наоѓалишта пронајдени се староегипетски мумии перики.[5]
Remove ads
Историја

Суканиците биле дел од историјата на многу духовни системи. Од христијанството до хиндуизмот, сплетената коса била симбол на многу духовно лице кое се обидува да се приближи до Бога, односно боговите.
Без обѕир на потеклото, сите култури носеле суканици во некој период од нивното постоење. Римски извори кажуваат дека Келтите ја носеле својата коса „како змии“. Германските племиња и Викинзите исто така ја носеле својата коса сплетена во кики кои денес се препознаваат како суканици. Суканици носеле и монасите на Етиопската православна тевахедо црква, светите луѓе на хиндуизмот, дервиши на исламот и други.
Постоеле верувања дека суканиците им даваат особена снага на оние кои ги носат. Според одредени верувања енергијата, пред сè животната енергија, излегувала од телото низ врвот на главата, а замрсената коса истото го успорува или спречува тоа и со тоа лицето го прави посилно и поблиско до боговите. Според библиската приказна натчовечката снага на Самсон доаѓала од неговите прамни коса.
Remove ads
Суканици кај растафаријанците
Растафаријанството е монотеистичко религиозно движење настанато во 1930-тите години на Јамајка. Неговите припадници веруваат дека Хајле Селасие бил божјо отелотворение и познати се како растафаријанци или расти.
Суканиците на главите на растафаријанците ги претставуваат нивните корени, поврзаноста со земјата, предците и природата. Исто така ја претставуваат гривата на лав, симболот на Африка. Истовременот се и еден вид побуна против белците, како контраст на нивната руса коса и култура. На почетокот ги носеле само оние кои полагале заклетва, за подоцна да ги прифатат повеќето растафаријанци. Должината на суканиците за нив претставувал мерка на мудроста, зрелоста и знаењето, како и тоа колку одредено лице е следбеник на движењето.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads