Супермесечина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Супермесечина
Remove ads

Супермесечинаполна месечина или млада месечина која скоро се совпаѓа со перигеј - односно најблиското растојание на кое месечината се наоѓа од Земјата во својата елипсовидна орбита - што резултира со малку поголема од вообичаената очигледна големина на месечевиот диск како што е гледано од Земјата[1]. Техничкото име е перигеј-сизигија (на системот Земја-Месечина-Сонце) или целосна (или нова) Месечина околу перигеја. Терминот супермесечина е астролошки по потекло и нема прецизна астрономска дефиниција[2].

Thumb
Супермесечина од 19 март 2011 година (десно), во споредба со изгледот на месечината од 20 декември 2010 година. (лево); поглед од Земјата

Вистинската поврзаност на Месечината со океанските и корусните плими, довело до тврдења дека феноменот на супермесечина може да биде поврзан со зголемен ризик од настани како земјотреси и вулкански ерупции, но не е пронајдена таква врска[3].

Спротивниот феномен од супермесечина се нарекува микромесечина[4], иако овој термин не е толку раширен како супермесечина.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads