Сјаење

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сјаење
Remove ads

Сјаење (англиски: The Shining) — филм на ужасите од 1980 година, во режија на Стенли Кјубрик, кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на Стивен Кинг. Главните улоги ги толкуваат: Џек Николсон, Шели Дувал, Дени Лојд, Скетмен Крадерс, Бери Нелсон итн.

Thumb
Авторот Стивен Кинг бил извршен продуцент за поверна адаптација од 1997 година и продолжува да има измешани чувства во врска со верзијата на Кјубрик.
Thumb
Езерото Света Мери со островот на дивата гуска се гледа за време на воведната сцена на The Shining.
Thumb
Плакатот на филмот на македонски јазик
Remove ads

Содржина

Thumb
Реклама во весник за улогата на Дени Торенс
Thumb
Timberline Lodge во Орегон, кој служеше како надворешност на хотелот Overlook
Thumb
Страна од сценариото „The Shining“ што го нагласува додавањето на сцената „Сите работа и без игра го прави Џек досадно момче“.
Thumb
Ahwahnee Hotel (прикажан) го инспирираше изгледот на лобито и дневната соба на хотелот Overlook создадени во Elstree Studios.

Џек Торенс (го игра Николсон), писател и поранешен учител, добива работа во еден хотел во близината на Денвер, како чувар за време на зимската сезона, кога хотелот е затворен. Притоа, хотелот е на лош глас поради еден дамнешен настан, кога тогашниот чувар го масакрирал неговото семејство. Неговиот син Дени (го игра Лојд) има парапсихолошки способности: страда од синдромот на двоен идентитет и има необични визии. Пред да настапи зимата, Торенс, неговата сопруга Венди (ја игра Дувал) и Дени се сместуваат во хотелот, каде што живеат потполно сами, но набргу, целиот крај го зафаќа голема снежна бура и тричленото семејство останува отсечено. Постепено, Џек го зафаќа депресија и нему почнуваат да му се причинуваат некои ликови кои порано работеле во хотелот. Истовремено, на Дени постојано му се прикажуваат привиденија на двете близначки кои ги убил поранешниот чувар на хотелот. Наспроти забраната, еднаш тој влегува во собата со бројот 237 (каде што бил извршен масакрот) и се враќа со црвенило на вратот, предизвикано од нечиј обид да го задави. Венди, исплашена за животот на Дени, а и свесна дека Џек постепено полудува, првин се обидува разговара со него. Ама во тоа не успева и е принудена да го удри Џек по главата со палка, тоа го онесвестува, а потоа таа го затвора во магацинот за храна. Меѓутоа, Џек успева да излезе и поаѓа во потрага по Венди и Дени, со намера да ги убие. Истовремено, главниот готвач на хотелот, Дик Халоран, кој се наоѓа во Флорида, има визија дека нешто страшно ќе се случи во хотелот и веднаш доаѓа таму. Кога влегува внатре, него го убива Џек. Потоа, тој го брка Дени кој се крие во лавиринтот во дворот на хотелот. Сепак, Дени успева да го надмудри својот татко и да побегне заедно со мајка си, додека Џек останува замрзнат во лавиринтот.[1]

Thumb
Машината за пишување на Џек
Thumb
Големиот салон на Hotel Ahwahnee беше, во голем дел, модел за сетот на хотелот Overlook во Колорадо.


Remove ads

Улоги

  • Џек Николсон како Џек Торенс
  • Шели Дувал како Венди Торенс
  • Дени Лојд како Дени Торенс
  • Скетмен Кротерс како Дик Халоран
  • Бери Нелсон како Стјуарт Улман
  • Филип Стоун како Делберт Греди
  • Џо Туркел како Лојд
  • Ана Џексон како докторка
  • Тони Бартон како Лери Дуркин
  • Лиа Белдам како млада жена во бања
  • Били Гибсон како стара жена во бања
  • Бери Данен како Бил Ватцон
  • Лиза Барнс како ќерка на Греди
  • Луиза Барнс како ќерка на Греди
  • Робин Папас како медицинска сестра
  • Алисон Колриџ како секретарка Сузи
  • Бурнел Такер како полицаец
  • Јана Шелдон како стјуардеса
  • Кејт Фелпс како рецепционер


Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads