Термоелектроцентрала „Осломеј“ (или скратено само ТЕЦ „Осломеј“) — термоелектрична централа во близина на селото Осломеј, во Кичевската Котлина, во западниот дел на Македонија. Централата работи на јаглен. Таа е дел од РЕК „Осломеј“.
Изградба
Термоелектроцентралата Осломеј била завршена и почнала со работа во текот на 1980 година.[1]
Производство
Капацитет
Централата има само еден блок со вкупна инсталирана моќност од 125 MW.
Планови
Поради празнењето на резервите на јаглен од двете наоѓалиште на рудникот „Осломеј“, како и сериозните пречки што произлегуваат од социјално-културната средина во можност за експлоатација на наоѓалиштето Поповјани, оваа централа се соочува со голема несигурност во поглед на снабдувањето со гориво.
Во 2015 година била изработена студија на изводливост за осовременување на централата, во која било препорачано централата да продолжи да работи со увозен јаглен, кој ќе има поголема калорична вредност. За реализација на овој проект потребни се 126 милиони евра.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.