Таван

From Wikipedia, the free encyclopedia

Таван
Remove ads

Таван[1][2] или плафон[3][4] - дел од меѓукатната конструкција што ја затвора просторијата од горната страна, односно долната обработка на меѓукатната конструкција. Таванот има естетска намена, но врши и топлинска и звучна изолација. Таваните може да бидат хоризонтални, коси или специјално обликувани.

Thumb
Таван со плочи

Видови

Видот на таванот зависи од функцијата на градбата во која се наоѓа.

  • Вградениот таван формира една единица со меѓукатната конструкција.
  • Споениот таван може да биде еднослоен или повеќеслоен, а меѓукатната конструкција служи како потпора.
  • Одвоениот таван е одделен од меѓукатната конструкција со воздушен слој од 2,8 до 10 см, а за одвојување на таванот се користат елементи од метал, дрво, алуминиум и др. На овој начин се зголемува звучната и топлинската изолација.
  • Спуштен (висечки) таван е направен од ламели или алуминиумски плочи кои ја формираат таванската површина и носечките конструкции кои служат како носач за ламелите и плочите.
Remove ads

Материјали и обработка

При избор на материјал за таван, важни се естетските, како и акустичните особини. Во зависност од начинот на обработка, завршниот слој на таванот може да се лие со сите видови тавански малтери или на него да се постават елементи од цврсти материјали, како што се изолациони плочи изработени од гипс, стиропор, дрво, алуминиум.

На завршетокот на мезанинската конструкција, таванот може само да се обои или прво да се малтериса, а потоа да се обои. Гипсот може да се нанесе и директно на армирано-бетонскиот таван. При изработка на таван каде што имаме дрвени меѓукатни конструкции на долната страна на таванските греди се прикачени летви, на нив е поставен носач на малтер, а потоа малтер. На таванските греди може да се постават градежни и изолациски плочи, кои можат да бидат малтерисани или оставени видливи.

Remove ads

Декорација на таванот

Thumb
Сводот на Сикстинската капела

Таваните обично се обоени, но можат да бидат и насликани, што бил чест случај во минатото, а еден од најпознатите тавани е оној во Сикстинската капела. За боење на таваните обично се користи белата боја, но ниту другите бои не се занемарливи. Плочите што се поставуваат на таванот, покрај изолационата функција, може да имаат и декоративна функција. Осветлувањето на просторијата е тесно поврзано со таванот, бидејќи обично се наоѓа на него.

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads