Тале
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тале (германски: Thale) — град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, средишна Германија.
За други истоимени места, погледајте Тале (појаснување).
Remove ads
Географија
Се наоѓа на реката Боде, приближно 8 километри западно од Кведлинбург. Тале е и завршна станица на железничка линија Магдебург-Тале.
Историја
Населбата Тале, веројатно се појавила во X век. Првпат била спомнато во 936 година во врска со соседниот манастир Вендхузен, кој бил основан пред 840 година и бил еден од првите манастири на саксонска земја. Во периодот кој следи, манастирот нашол заштита од манастирот Кведлинбург. Селото било опишано во 1231 година, како Dat Dorp to dem Dale (од 1288 му било даден опис de valle, и од 1303 како von Thale). Манастирот бил уништен во 1525 година, во текот на Германската селанска војна.
Припојувања на други села
Варнштет бил припоен во 2003 година.[2][3] Во 2009 година, вкупно седум општини биле припоени на четири различни датуми.[4] Вестерхаузен бил додаден во 2010 година.[5] Алроде станал дел од општината Тале во 2011 година.[6]
- Површина на општината Тале
Историја на населението
Растот на населението (од 1995, бројките се однесуваат од 31 декември)[7]:
|
|
Remove ads
Политика
Градски совет

Според официјалните резултати од изборите за градскиот совет Тале на 7 јуни 2009; Учество на гласачите: 42,88 %.
Грб
Грбот бил одобрен на 11 јули 1996 година од Регионалниот совет Магдебург (Regierungspräsidium).
Партнерства
Од 1990, Тале има градски партнерства со Зесен (Долна Саксонија) на северозападното подножје на Харц, од 1998, со францускиот град Жувизи-сур-Орж, 18 км од Париз, како и Тилабери во Нигер, северозападно од реката Нигер.
Култура и места на интерес




Музеи
- Манастир Вендхузен
- Музеј Тале
- Валпургис Хал
Згради
- Поранешниот манастир Вендхузен, потекнувајќи од каролиншкиот период
- Хотел Ценпфунд, изграден во 1863 година и некогаш најголемиот летен хотел во Германија
- Црква Свети Петар, завршена во 1906 година
- Римокатоличката црква на Светото Срце (Herz-Jesu-Kirche), завршена во 1910 и 1911 година
- Прекрасната ветерница во селото Варнштет
Други културни места
- Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“)
- Планински театар
- Див животински парк (Tierpark)
- Зомероделбан
- Бау-Шпил-Хаус
- Забавен парк
- Централен театар (кино)
- Стражарница Хомбург (Homburgswarte)
Природни споменици
- Клисура Боде - Тале е влезната точка на клисурата Боде, што излегува кај Хексентанцплац („Место на танцување на вештерките“), достапна со гондолата „Клисура Боде“ и Рострапе. На Hexentanzplatz е голем отворен театар и зоолошка градина.
- Тојфелсмауер - во близина на селата Ведерслебен и Варнштет, се наоѓа Тојфелсмауер („Ѕид на ѓаволот“), еден од најстарите природни резервати во Германија.
- Вештерска патека Харц (Harzer Hexenstieg), долга патека, која води од Тале до Остероде, минувајќи низ различни знаменитости на патот, вклучувајќи ги и Брокен, Торфхаус, Дамграбен и езерцата на Горен Харц.
Remove ads
Медиум
Тале е местото на случување во романот на Теодор Фонтан, Сесил (Cécile). Фонтан останал во Тале, повеќепати помеѓу 1868 и 1884.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads