Брана Випра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Браната Випра или Брана Випер (германски: Talsperre-Wippra или Wippertalsperre) е брана на реката Випер во планините Харц. Се наоѓа близу Випра, недалеку од Мансфелд и Хетштет во Саксонија-Анхалт. Била изградена помеѓу февруари 1951 и ноември 1952.
Била изградена со цел да обезбеди индустриска вода за преработувачките капацитет за бакар во Мансфелд и Хетштет. Нејзината улога во заштитување од поплави е ограничена, бидејќи таа првично била изградена како помошна брана. Плановите за понатамошна поголема брана, никогаш не се реализирале. Браната Випер исто така произведува и електрична енергија, користејќи ја хидроенергијата. Капацитет на хидроцентралата е 22 kW.
Нејзин оператор е Talsperrenbetrieb Saxony-Anhalt.
Браната е гравитациска, направена од бетон. Достапни се организирани посети во самата брана.
На браната е точката 219 од планинско-пешачката патека Harzer Wandernadel.
Remove ads
Поврзано
- Список на брани и вештачки езера во Германија
- Список на брани во Харц
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads