Тамара Котевска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тамара Котевска (родена на 9 август 1993 година во Прилеп) — македонска режисерка, најпозната по својот документарен филм „Медена земја“ од 2019 година.
Remove ads
Животопис
Котевска е родена во Прилеп. Добила стипендија за едногодишен престој во 3-та година од средното образование во САД, во Тенеси[1]. Дипломирала на Факултет за драмски уметности на Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, со акцент во документарниот филм[2].
Кариера
Заедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивиот женски пчелар Хатиџе[3][4]. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за регионот на реката Брегалница, кога наишле на пчелар[5][6]. Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017)[7] . Медена земја освоил три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година[8] и добил две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“ (1994)[9][10].
Трет долгометражен документарен филм на Котеска, филмот „Силјан“ ја добил „Наградата на Музата“ на Венецијанскиот филмски фестивал во 2025 година.[11] Филмот бил дел од официјалната секција „Надвор од конкуренција“, и во конкуренција од 20 дела бил прогласен за најинспиративен филм на фестивалот. Филмот бил инспириран од македонскиот фолклор и ја следи приказната за земјоделец кој пронаоѓа повреден бел штрк.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads