Тангерминде
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тангерминде (германски: Tangermünde) — град во округот Штендал, во североисточниот дел од Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Елба во регионот Алтмарк.
Remove ads
Историја
Тангерминде може да се најде во 1000-годишната историја. Бил првпат спомнат во 1009.
Името Тангерминде означува на устието на реката Тангер - каде се влева во Елба.
Во 13 век бил наследен од Рутгер фон Блументал (1275). Грофот Јохан II го скрил неговото богатство под парохиската црква и ја пренел тајната на неговиот син Ото Загитариус. Кога подоцна бил заробен, тој го искористил богатството за да го плати неговото пуштање.
Градот бил еден од омилените места на царот Карло IV во 14 век пред да стане резиденција на електорите Хоенцолерн од Бранденбург од 1415 па натаму.
Тангерминде ги изгубил монархиската линија во 1488 по бунтот и резиденцијата била преместена во Берлин-Келн.
Тулените згради, скоро целосно зачуваниот градски ѕид со добро утврдените порти, комплексот на заокот и различните Фахверк-куќи му даваат уникатен шарм на градот. Тангерминде е исто така место на случување на историскиот роман на Теодор Фонтане Грете Минде.
Remove ads
Црква Свети Стефан
Оваа црква била изградена во неколку етапи. Ништо не е оставено од првичната градба, бидејќи била уништена од градскиот пожар во 1617. Црквата е позната по нејзините оргули изградени во 1624, едни од врвните 10 оргули во Европа.[2] Биле целосно обновени и може повторно да се слушнат во црквата од септември 1994.
- Тангерминде
- Улица во Тангерминде
- Историското градско собрание (Rathaus)
- Elbbrücke Tangermünde
Remove ads
Сообраќај
Северно од градот се наоѓа сојузниот автопат 188 (B 188), кој го поврзува со Штендал и Ратенов, како и преку A2, до Берлин и Хановер. Реката Елба се поминува преку новиот мост изграден во 2001.
Првиот патен мост за сообраќај бил отворен во 1933 и уништен во април 1945. Кратко потоа бил изграден привремен мост, кој опслужувал до 2001.
Нема железничка линија која го поврзува градот со Штендал. Првата линија била отворена во 1886.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads