Таркек (месечина)
месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Таркек, познат и како Сатурн LII (привремена ознака S/2007 S 1) е природен сателит на Сатурн . Неговото откритие било објавено од Скот С. Шепард, Дејвид К. Џуит, Јан Клејна и Брајан Г. Марсден на 13 април 2007 година преку набљудувањата направени меѓу 5 јануари 2006 година и 22 март 2007 година.[1][2] Именуван е по Таркек, богот на месечината на Инуитите,[4] и е член на Инуитската група на неправилни сателити. Има пречник од околу седум километри.[5] Вселенското летало Касини го набљудувал Таркек 1,5 ден на 15 и 16 јануари 2014 година.
Орбитата Таркек [6] има наклон од 49,90° (кон еклиптиката; 49,77° кон екваторот на Сатурн), со занесеност од 0,1081[1] и голема полуоска од 17,9106 гигаметри. Таркек орбитира во напредна насока со период од 894,86 дена.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads