Ташлак
клисура во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ташлак или Таш Олук[1] (грчки: Βράους, Враус) — клисура во Зихненско, Егејска Македонија. Претставува сатеска меѓу јужните падини на Сминица и северните падини на Кушница низ која тече реката Драматица. Сместена е јужно од паланката Алистратик. Почнува кај селото Баница и продолжува околу 9 км до Станица Анџишта, каде има и стар мост на реката.
При проучување во јуни 1977 г. во клисурата Ташлак, како и во Алистратичката пештера и три соседни пештери, се откриени праисториски пештерски цртежи. Цртежите се од различни периоди. Има претстави на животни, луѓе, јавачи и апстрактни облици. По опремата на коњите и јавачите стручњаците заклучиле дека поновите цртежи се од VI–V век п.н.е.[2]
Името доаѓа од турското taşlık, што значи камче.[1]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads