Тајвански Проток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тајванскиот Проток (кинески: трад. 臺灣海峽, упр. 台灣海峽, пинјин: Táihǎi) или Формозански Проток — проток со ширина од 180 км помеѓу островот Формоза (Тајван) и азиското копно. Дел е од Јужнокинеското Море и на североисток продолжува во Источнокинеското Море. [1] [2] Најтесниот дел е широк 130 км.[3]

Географија
Протокот е сместен помеѓу Азија и Тихиот Океан и ги поврзува Јужнокинеското и Источнокинеското Море. [1] [2]
Западно од протокот се наоѓа покраината Фуџен во НР Кина, а недалеку од брегот се сместени поважни острови како Кинмен, Сјамен, Пингтан и Мацуовите Острови. На исток западниот брег на Тајван и Пенгху. Во водите се влеваат реките Мин и Џулунг. Протокот е од стопанско значење за рибната индустрија.
Remove ads
Историја
Тајванскиот Проток во поновата историја е место на судири помеѓу континентална Кина and Тајван уште од времето на Кинеската граѓанска војна во 1949 г., кога силите на Куоминтангот предводени од Чанг Кај Шек се повлекле преку протокот и го зазеле Тајван како нивно конечно упориште.
НР Кина предлага изградба а на тунел под протокот со кој би се поврзале магистралите во земјата со островот Тајван. Иако овој голем потфат е технички изводлив, идејата наишла на отпор кај тајванските власти, плашејќи се дека со ова може да се загрози безбедноста на земјата и не сакајќи да ја признаат „политиката на една Кина“.[4][5]
Remove ads
Поврзано
- Кризи на Тајванскиот Проток
- Лусонски Проток
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads