Тајмир (езеро)

езеро на истоимениот полуостров на северот на Сибир From Wikipedia, the free encyclopedia

Тајмир (езеро)
Remove ads

Езеро Тајмир (руски: Таймы́р, Таймы́рское о́зеро) е езеро кое се наоѓа во централните региони на полуостровот Тајмир во Краснојарскиот крај во Русија. Сместено е јужно од планините Биранга.

Thumb
Карта од Тајмир

Географија

Езерото Тајмир има должина од 165 км приближно и се протега во правец исток-запад. Има неправилна форма со многу краци кои се простираат во различни насоки и покриваат поширок регион. Неговата максимална ширина е само околу 23 км, во нејзината најширока област, која е некаде кон крајниот источниот крај на езерото.

Езерото Тајмир е покриено со мраз од крајот на месец септември па сè до почетокот на месец јуни. Главната река што се влева во нејзиниот слив од запад е Горна Тајмира. Други реки што се влеваат во него се: реката Западнаја, реката Севернаја потоа Бикада-Нгуома, реката Јаму-Тарида и Каламисамо. А река која излегува или се создава од езерото е Нижљи Тајмира (Долна Тајмира) и потоа тече кон север преку планинскиот регион Биранга.

Областите на тундра јужно од езерото Тајмир се полни со помали езерца и со мочуришни реони.

Remove ads

Екологија

Езерото Тајмир е богато со многу видови на риба, типични за студените арктички води, како што се на пример: лоуч, сиг и муксун. Експлоатацијата на рибата е голема и покрај оддалеченоста на езерото од населените места.[1]

Во езерото е откриена мала контаминација со високо штетниот плутониум и тоа во седиментите на дното. Ова е можеби последица на честичките што ги носи ветерот по бројните атмосферски јадрени проби кои се изведувале во реонот на Новаја Земја за време на Студената војна.

Remove ads

Температури на водата

Просечна температура на водата во месец август е +7 °C.

Во текот на зимата и тоа месеците декември и јануари, температурата на водата е малку над 1 °C

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads