Твојот роденден (филм)

филм From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Твојот роденденмакедонски игран филм по сценарио на Емин Илхами, а во режија на Здравко Велимировиќ. Монтажер бил Драгомир Панков, а музиката ја компонирал Кирил Македонски. Премиерата била одржана во 1961 година.

Кратки факти „Твојот роденден“, Режисер ...
Remove ads

Кратка содржина

На роденденот на едно мало девојче, доаѓаат пријателите на нејзините родители. Добиените подароци се натрупуваат во нејзината соба и повеќето од нив се исти. Гостите ја забораваат малата славеничка и се затвораат во салонот. Започнува танцот, а постарите играат карти. Малечката останува сама. Соседите се вознемирени од бучавата и бараат од домарот да интервенира. Тој оди во станот каде што се слави. Вратата му ја отвора девојчето. Тоа го кани стариот добар домар во својата соба за да му ги покаже играчките. Сакајќи да и го разубави роденденот домарот се обидува да ја развесели малечката. Со помош на нејзините играчки ја внесува во светот на бајките. Куклите оживуваат и девојчето со радост учествува во нивната игра. Времето минува, веќе е доцна во ноќта и девојчето заспива. Домарот тивко заминува, оставајќи ја во ентериерот на нејзината соба, полна со играчки.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads