Тврдоглави

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Тврдоглави — роман на македонскиот писател Славко Јаневски, дел од циклусот Кукулино, издаден во 1969 година.

Кратки факти Автор, Земја ...

Содржина

Романот „Тврдоглави“ од Славко Јаневски е првиот напишан роман од циклусот Кукулино. Тогаш за првпат се среќава ова село на јужните падини на Скопска Црна Гора, за потоа да стане мал, но целосен универзум во кој ќе се одвиваат настаните кои ги следиме во натамошниот опус на Јаневски. Се менуваат генерации на жители на ова имагинарно село во деветте романи кои следуваат и со чија судбина нè запознава авторот, се до последниот роман „Депонија“ токму пред неговата смрт.

Во „Тврдоглави“ Кукулино е негде околу 1835 година, кога е под османлиско владеење и живеачката е тешка и бара натчовечки напори да се опстои. Токму една таква епизода на натчовечки напор е раскажана, а тоа е носењето на воденички камења од Лесновските каменокпи за новоизградените четириесет и три воденички, за да се спротивстават на големиот данок од Али-бег, и самите да си го мелат житото за својот леб. На патот до Лесново четириесет и тројцата селани со волови и двоколки се соочени со опасности кои ги демнат зад секој свијок. Голем број од нив ќе умрат на овој пеколен пат, а само половината да се вратат со потребниот камен за воденицата. Тврдоглаво наспроти сите патешествија успеваат да го поминат испитот на издржливоста и храброста.[1]

Според Влада Урошевиќ, патот на Кукулинците во потрага по воденичките камења има двојно патување низ митскиот простор, вертикално (искачување на небо и слегување во подземјето) и хоризонтално (пат кон сакралниот центар и кон заканувачката периферија каде демне хаосот). Така Кукулинците одат прво кон периферијата, а потоа се враќаат кон центарот, од космосот кон хаосот и назад до космосот. Воденичките камења покрај својата практична намена имаат и улога на сакрален објект, круг со празнина во центарот кој има и симболичко значење. „Романот е работен врз една силна архетипска основа, ги носи во своето средиште големите теми на личната и колективната иницијација, на митското сфаќање на просторот и на патот, поставени во функција на една современа романсиерска постапка.“ [2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads