Тегавец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тегавец
Remove ads

Тегавец (науч. Plantago) — билка која луѓето ја употребуваат уште од најстарите времиња. Се среќава скоро во секој двор затскриена помеѓу другите тревки, по ливадите и во шумите каде нема дрвја. За да израсне не и се потребни посебни услови. Потребното количество вода го прима од дождовите. За време на сушен период не бара посебно налевање со вода.

Кратки факти Тегавец, Научна класификација ...


Постојат два вида тегавец:

Тие се разликуваат по обликот на листовите.

Освен овие својства, тегавецот делува и антисептичко, диуретичко, бактерицидно и бактериостатички.

Remove ads

Употреба на тегавецот како лек

  • Лекот кој во себе содржи тегавец најчесто се користи за лекување на болести на дишните патишта, астма, бронхитис, кашлица и грип.
  • Чајот од листовите на тегавецот е погоден за деца бидејќи е вкусен, а по потреба може да се заслади со шеќер или мед. Се употребува и при воспаление или чир на желудникот или цревата. Корисен е при заболувања на црниот дроб и мочниот меур, како и против создавање камења и песок во бубрезите.
  • Свежите листови кои претходно треба да се згмечат се користат како облоги кои се ставаат на место на убод од инсекти или каснувања од змија. Сокот од свежите листови го спречува крварењето и го забрзува зараснувањето на раната.
Remove ads

Лековит состав

Во листот на тегавецот се наоѓаат околу 6,5% слузава материја во облик на полисахариди, танини, кумарин ескулетин, флавоноиди (апигенин, лутеолин и скутелареин), повеќе од 1% кременова киселина, од минералите застапени се цинкот и калиумот. Содржи и сапонини кои делуваат хемолитичко и два многу важни иридоидгликозиди аукубин и каталпол.
Акубинот има антивирусно, детоксичн, антимикробно и антиинфламаторно дејство, а каталполот има антихипертезивно, антивирусно, антитуморно, хепаропротективно, спазмолитично и антиинфламаторно.
Освен овие својства, тегавецот делува и антисептичко, диуретичко, бактерицидно и бактериостатички.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads