Телема
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Телема е филозофија на живеењето која се заснова врз правилото или законот „Прави што ти е волја“. Идеалот поврзан со „Прави што ти е волја“ и со зборот Телема е на Рабле, но целосно е развиен од страна на Алистер Кроули кој врз овој идеал основал религија наречена Телема.[1][2] Самиот збор потекнува од јазикот коине, со значење „волја“. Раните христијански писатели го користеле овој збор за да ја означат волјата на Бога, волјата на човекот, а понекогаш и волјата на противникот на Господ - ѓаволот.[3]

Во 16 век, Франсоа Рабле го употребил зборот Телема како име за измислената опатија во неговата позната книга Гаргантуа и Пантагруел[4] Единственото правило во таа опатија било „Прави што ти е волја“. Ова правило било запишано на вратата од една опатија во Медменхем, Англија, во вистинскиот живот кон средината на XVIII век.[5][6]
Истото правило било употребено во 1904 година од страна на Алистер Кроули[7] во неговата Книга на Законот. Терминот Телема Кроули го зел како име на филозофскиот, мистичниот и религиозниот систем кој самиот тој го развил. Овој систем содржи идеи од окултизмот, јога, од западниот и источниот мистицизам, и посебно од Кабала.[8]
Remove ads
Наводи
Извори
Литература
Препорачано за читање
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads