Телтов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Телтов (германски: Teltow) — град во округот Потсдам-Мителмарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.
Remove ads
Географија
Телтов е дел од метрополитенската област Берлин/Бранденбург. Оддалечен е од Берлин 17 километри, додека растојанието до Потсдам е 15 километри.
Каналот Телтов ја поврзува реката Хафел близу градот Потсдам со реката Даме близу Кепеник во источните предградија на Берлин. Оди кон север на Телтов, создавајќи граница помеѓу Бранденбург и Берлин.
Главната железничка станица Телтов-Штат е дел од линија С25 на берлинската С-Железница. Железничката станица Телтов е околу 2 километри на југоисток и е опслужуван од регионалните линии 3, 4 и 5.
Remove ads
Историја
Населбата била првпат спомената во декрет од 1265 издаден од маркгрофот Отон Трети. Го добил своето име од истоимената висорамнина. Телтов бил порано познат по својата репка (Teltower Rübchen, која била особено популарна во XVIII и XIX век. Главната знаменитост во градот е протестантската црква Св. Андреј од 12 век, повторно изградена во 1812 според плановите од Карл Фридрих Шинкел. Била насликана од Лионел Фајнингер во неговата слика Телтов II од 1918.
Телтов се граничел со поранешниот Западен Берлин и поради тоа во периодот 1961-1990 била одделена од Берлинскиот ѕид.
Денешниов град била основана во 1994 со спојување на Телтов и поранешното село Рулсдорф. Забележал силен пораст на населението од падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија.
Remove ads
Меѓународни односи
Телтов е збратимен со:
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads