Темната страна на Сонцето
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Темната страна на Сонцето (англиски: The Dark Side of the Sun) — филм за млад човек чија болест не му дозволила да се појави во светот без заштитна темна облека. Режисерот Божидар Николиќ го избрал Бред Пит од 400 кандидати за главната улога. Бред Пит бил многу среќен за изборот и бил платен само 1.523 долари за седум недели снимање главно во Котор, Црна Гора (тогаш Југославија) во 1988 г.[1] Поради распадот на Југославија, филмот бил објавен дури во 1997 г.
Remove ads
Содржина
Рик Клејтон е погоден од неизлечива болест. Како што тој самиот го нарекува: ретка болест на кожата — краен вид на пигментна ксеродерма. Неговата кожа не поднесува светлина. Затоа, тој мора да се појавува на улица во заштитна кожна облека. Таквата неопходност го лишува од пријатели меѓу луѓето. Целото негово општење се сведува на разговори со татко му, функционално општење со домашната помошничка и набљудување на неговата душевно болна мајка. Единствената забава на младичот е возење мотор.
Еден ден присуствува на претстава на една театарска група и се заљубува во глумицата од тој театар. За да општи со неа, тој решава да ја фрли темната облека. За три среќни дена исполнети со сончева светлина и љубов, тој ги плаќа со сопствениот живот.[2]
Remove ads
Улоги
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads