Теодорих IV

From Wikipedia, the free encyclopedia

Теодорих IV
Remove ads

Теодорих IV (Теодорих) роден во 713 починат во 737, бил крал на Франките. Тој владеел од 721 до 737.

Кратки факти На престол, Претходник ...

По смртта на неговиот татко Дагоберт III, во 715, бил затворен во опатијата во Шел, потоа во Шато-Тјери. Кога кралот Хилперик II умрел без наследник во 721, Карло Мартел го повикал Теодорих IV, и го наместил на престолот. Меѓутоа, во тек на целото негово владеење, Карло Мартел продолжува да ја има реалната извршна и законодавна моќ како негов мајордом. Теодорих IV не учествувал во ниедна битка за одбрана на границите на империјата.

По неговата смрт во 737, престолот на кралството на Франките останал празен сè до 743. Пипин Малиот потоа за крал го поставил Хилдерик III, последниот меровиншки крал.

Remove ads

Извори

- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Тогаш умре кралот Хлотар. Карло, преку посредници, ги прими Одо и таканаречениот крал Хилперик. Овој дојде во Ноајон и по кратко време, го снема од живите и од престолот: Умре откако владееше шест години. По неговата смрт на престолот го ставија кралот Теодорих, кој сега седи на кралскиот престол и има уште години за живеење [...].


Remove ads

Поврзано

  • Генеалогија на Меровинзите
  • Лажни Меровинзи
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads