Богословие
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Богословие или теологија (од грчки θεος, theos, „Бог“, + λογος, logos, „збор“ или „разум“) — дискурс што ја поврзува религијата, духовноста и Бога. Богословите се стремат кон употреба на рационални анализи и аргументи, а сè со цел дискусија, интерпретација и учење на религиозните теми.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги критикува и исмејува богословите, затоа што зборуваат со измислени изрази и зборови кои никој не ги разбира. Притоа, според него, теолозите се занимаваат со мистериозни прашања, како што се: по кои канали гревот стигнал до потомците на Адам; на кој начин и за колку време Христос созреал во утробата на Марија; на кој начин во сакраментот акциденцијата постои без материјата; дали е потребно време за божественото создавање; дали во Христос има повеќе од едно синство итн. Оттука, Еразмо ги обвинува теолозите дека го знаат одговорот дури и на оние прашања на кои не можеле да одговорат ниту самите апостоли.[1] Понатаму, тој им се потсмева на теолозите за нивната практика „Светото писмо да го растегнуваат како кожа“, т.е. да ископааат неколку зборови овде-онде и да им ја изменат смислата онака како што им одговара, дури кога тие имаат и спротивно значење.[2]
Remove ads
Богословието како тема во уметноста и во популарната култура
- „Среќни и несреќни теолози“ — кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[3]
- „Теолозите“ — кус расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[4]
- „Рајот на теолозите“ — песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[5]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads