Теранци (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Теранциархеолошко наоѓалиште во кочанското село Теранци. Претставува осамен наод од римско време. Наодот претставува вотивна релјефна плоча, донесена во првата половина на 1950-тите во Музејот во Штип, со претстава на Тракиски коњаник, од непознато наоѓалиште. Коњаникот со градниот дел е свртен en face, со подигната десна рака, и е наметнат со развиорена наметка. Коњот е во положба на галопирање, со подигнати предни нозе. Под нив има куче што го следи движењето на коњот, а пред нив стои адорантка во долга облека, со десната рака свиткана на градите. Плочата била со димензии: ширина 31 см, висина 26 см, дебелина 6 см.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads