Терек
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Терек[б 1] — голема река во Северен Кавказ. Почнува од регионот Мцхета-Мтијанетија во Грузија и тече низ Северен Кавказ во Русија, па завршува во Каспиското Езеро. Извира кај спојот на Голем Кавказ со Хошкиот Венец, југозападно од планината Казбек. Се насочува на север како брз планински поток помеѓу селата Степанцминда и Гергети кон рускиот регион Северна Осетија и градот Владикавказ. Врти на исток и тече низ Чеченија и Дагестан пред да се раздвои на две растоки кои се влеваат во Капискот оЕзеро. Под градот Кизљар образува мочурлива речна делта широка околу 100 км. Реката е од големо стопанско значење за регионот бидејќи се користи за наводнување и хидроенергија во горното течение.

Поважни градови на Терек се Владикавказ, Моздок и Кизљар. На реката има неколку помали хидроелектрани: Ѕау, (во Владикавказ), Беканскаја и Павлодолскаја.
Дарјалската хидроцентрала со капацитет од 108 мегавати на територијата на општината Казбеги крај руско-грузиската граница.[1]
Дејствието на романот „Козаци“ од Лав Толстој се одвива на Терек и меѓу тамошните Козаци.
Remove ads
Притоки
Терек го одводнува најголемиот дел од североисточен Кавказ на исток во Капиското Езеро, како што реката Кубањ го одводнува северозападен Кавказ на запад во Црното Море. Во западните делови течат неговите притоки Малка, Баксан, Чегем и Черек со нејзините две растоки. Овие се влеваат во Малка веднаш пред таа да му се приклучи на Терек. Реките Лојашен, Урух, Дурадур и Дурадон течат на североисток, Ардон и нејзината притока Фијагдон на север, а Гизелдон ја одводнува северната падина на планината Казбек и завршува во терек кај утоката на Ардон. Во северното течение Терек минува низ Дарјалската Клисура. Големиот северозападен свијок на реката е пресечен од Сунџа која ги зафаќа највеќето реки со северен тек. Тие се Аса, Аргун и Хухулау. Источно од нив се Аксај и Акташ кои некогаш пресушувале во низината меѓу Сулак и Терек. Сулак на исток ја одводнува внатрешностаа на Дагестан, а потоа свртува на исток во Каспиското Езеро пред да стигне до Терек.
Remove ads
Историја
Се смета дека Самандар, престолнината на Хазарија, можеби се наоѓала на бреговите на Терек.
На Терек се одиграла важна битка во првата граѓанска војна на Монголското Царство во 1262 г. Тука војската на Хулаху-хан, владетел на Илханатот е конечно поразена од страна на Берке-хан, владтел на Златната Орда, чија војска ја предводел неговиот внук Ногај-хан. Во 1395 г. на истата река Тамерлан го поразил Тохтамиш.
Војската на Терските Козаци (1577–1832 и 1860– ) имала база во сливот на Терек. За време ван руското освојување на Кавказот, реката била дел од Севернокавкаската линија.
За време на Втората светска војна, на крајот од август 1942 г. Германците стасале до Терек кај Моздок. Ова е најдалечното место во кое тие успеале да навлезат на советска територија. Освен мал мостобран, германската војска не успеала да се пробие кон нафтените полиња на Баку, кои претставувале важна цел за Хитлер.[2] Германците се пробиле на левиот брег на Терек и стасале до Западен Гизел во преградието на Владикавказ, близу денешната метеоролошка станица.
Remove ads
Поврзано
- Терски Козци
Белешки
- руски: Терек ; кабардински: Тэрч, romanized: Terch; карачаевско-балкарски: Терк, romanized: Terk; грузиски: თერგი, Терги; осетски: Терк; кумички: Терек-сув; чеченски: Теркa; ингушки: Тийрк; Lezgian: Терек; ерменски: Թերեք, Терек; Avar: Терек
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads