Тетеров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тетеров (германски: Teterow) — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Претставува географски центар на покраината Мекленбург-Западна Померанија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Мекленбуршка Швајцарија, иако самиот не е дел од општинската заедница.
Во близина на градот се наоѓа Тетеровското Езеро.
Remove ads
Историја

Градската црква Св. Петар и Павле (Stadtkirche St. Peter und Paul) била изградена во 1215 во доцен романескнен и готски стил.
Зачувани се две порти од средновековните бедеми: Малхинска порта (Malchiner Tor) од XIV век, денес дом на музејот за локална историја, и Росточка порта (Rostocker Tor).
Градското собрание се наоѓа на главниот плоштад. Било изградено во 1910 во необарокен стил.
Remove ads
Познати луѓе
- Улрих Адам (р. 1950) — политичар
- Херта Боте (р. 1921) — воен злосторник
- Ханс Г. Хелмс (1932–2012) — писател и композитор
- Герд Кише (р. 1951) — поранешен германски фудбалер
- Рене Ланге (р. 1988) — германски фудбалер
- Јохан Хајнрих фон Тинен (1783–1850) — познат економист
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads