Тешка научна фантастика

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тешка научна фантастика
Remove ads

Тешка научна фантастика (англиски: hard science fiction, тврда научна фантастика) — поджанр на научната фантастика (НФ) во кој авторот строго се држи до познатите научни сознанија, а шпекулира само за оние области за кои нема утврдени научни вистини. Во текстот доминираат теми поврзани со природните науки.

Thumb
Артур Ч. Кларк, еден од најзначителните писатели на тешката научна фантастика.

Писателите на тврда научна фантастика обично се трудат нивните стории да бидат во согласност со познатата наука во времето на објавување, што исто така значи дека за подоцнежната публика нивното знаење ќе биде очевидно некомплетно. Така на пример, некои постари дела опишуваат космонаути кои по Венера шетаат во обични алишта. Дури кога дејството на дела од тврдата научна фантастика е сместено во алтернативни универзуми во кои важат други закони на физика, авторите се обидуваат да создадат множество физички закони кое ќе биде интерно доследно.

Ова е во директна спротивност на поджанрот вселенска опера, каде законите на физиката воспоставени со приказната се применуваат недоследно, а наизглед нерешливи ситуации често се решаваат со откровенија на претходно непознати особини на воспоставената технологија во стилот deus ex machina. Озлогласен пример на ваква пракса е Ѕвездени патеки. Непишано правило на тврдата НФ е дека нарушувањата на тековно познатите закони на физиката треба да се држат на минимумот неопходен за одржување на нарацијата, доколку авторот пишува доследно за нив.

Remove ads

Автори на тврда HФ

Најпознати автори на тврда научна фантастика се:

Поврзано


Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads