Тешкото

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тешкото
Remove ads

Тешкотооро што се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи претставува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра.[1]

Thumb
Споменик „Тешкото“ во центарот на Скопје

Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во македонските души низ безбројните векови робување.

Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата Тешкото[2] така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads