Тибетски јазици
јазично семејство From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тибетските јазици се подгрупа на тибетско-бурманските јазици, кои се зборуваат претежно од Тибетските народи, кои пак живеат во и околу Тибет. Јазиците се зборуваат во Тибет, Кина, Бутан, Непал и делови од Индија. Класичниот тибетски јазик е главен литургиски јазик, кој се користел за будистичката литература. Овие јазици претежно се пишуваат со тибетско писмо.
Централнотибетските дијалекти од Ласа, Кам и Амдо се гледаат како дијалекти на еден тибетски јазик, особено поради фактот што сите тие имаат една стандардна форма. Ѕонгка, националниот јазик на Бутан, шерпскиот, сикимско-тибетскиот и ладакискиот се сметаат за засебни јазици.
Овие јазици ги зборуваат околу 8 милиони луѓе. Со проширувањето на Тибетскиот Будизам низ светот, тибетскиот јазик се проширил и во Западниот свет. Класичниот тибетски јазик не бил тонски јазик, но некои дијалекти од централнотибетските и камско-тибетските јазици се тонски јазик|тонски. Амдотибетскиот и ладакискиот не се тонални. Тибетската морфологија, општо гледано, може да се смета за аглутинативна, иако класичниот тибетски бил аналитички јазик.
Remove ads
Јазици
Николас Турнадре ја дал следната класификација на тибетските јазици:[1]
- централнотибетски јазик
- базата на стандардниот тибетски јазик и ги опфаќа некои непалски дијалекти
- камс-тибетски јазик
- амдотибетски јазик
- ѕонгка-лока
- ѕонгка, локански јазик, лакански јазик, лајански јазик, чочонгачански јазик, брокатски јазик, брокпански јазик и најверојатно чумбински јазик
- ладаки-балти
- ладакиски јазик, пурички јазик, зангскариски јазик, балтиски јазик
- лахулиско-спитиски јазик
- кјиронг-кагатејски јазик
- шерпа-џирелски
- шерпски јазик, џирелски јазик
Според Бредли, овие јазици се класифицирани како:[2]
- ладакиски јазик (нетонален)
- амдотибетски јазик (со тево-чоне) (нетонален)
- камс-тибетски јазик (тонален)
- "западноархаичен тибетски", заедно со балтиски јазик и пурички јазик
- централнотибетски (делумно тонални)
- лахули-спитиски јазик
- дијалектите од Ладак и Занскар, Лахул, Спити, Утараканд и Занда.
- централнотибетски јазик'
- севернотибетски
- јужнотибетски
- громански јазик, сикимско-тибетски јазик, шерпски јазик и џирелски јазик и некои јазици во Бутан:
ѕонгка, адапски јазик, брокатски јазик, брокпански јазик, чокангакански јазик, лакански јазик, лајански јазик, лунанакански јазик.
- громански јазик, сикимско-тибетски јазик, шерпски јазик и џирелски јазик и некои јазици во Бутан:
- лахули-спитиски јазик
Remove ads
Наводи
Литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads