Тицијан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тицијан или Тицијано Вечели ( 1487/1490 - 27 август 1576 ), прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа, автор на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е во Пјеве ди Кадоре (Венето).

Починал од епидемијата на чума што ја зафатило Венеција 1576 година.
Remove ads
Животопис
Тицијан бил најважната и највлијателна фигура во областа на ликовната уметност на преминот од ренесансата во барокот. Кога имал десет години неговите родители го испратиле во Венеција, каде се школувал во работилницата на Себастиан Цукато и Џовани Белини.
Во 1532 година во Болоња го насликал Карло V, по кое бил прогласен за гроф и витез на златните мамузи. Исто така работел и во дворот на Филип II. Својот прв голем успех го оствариl со делото Успение на Богородица насликана во црквата Фари во Венеција. Од најзначајните дела се издвојуваат и Небесна и земна љубов, Портрет на папата Павле III, Портрет на Карло V, Венера Урбино, Мадона Песаро.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads