Тодор Танев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тодор Танев
Remove ads

Тодор К. Танев е просветен деец от Македонија.

Кратки факти Тодор Танев, Роден(а) ...

Биографија

Роден е во 1855 година во Велес, Османлиската империја. Образованието го здобил во Загреб и во Пловдивската гимназија во 1875 – 1876 година.

Откако завршил, работел како учител во продолжение на 35 години во разни краишта на Македонија и Кнежевството Бугарија. Учителствува во Велес во 1876 - 1878 година, во Софија до 1879 година, во 1880/1881 година во бугарското училиште во Битола кога тоа прераснува во четирикласно со учители Григор Прличев, Димитар Узунов, Тодор Танев и Пантелеј Баџов.[1] Во Солунската гимназија предавал меѓу 1882 и 1883 година.

Во Бугарија е подначалник во Министерството за народна просвета, а во Цариград 4 години е секретар на училишниот оддел при Бугарската егзархија.[2] До 1900 година е директор на егзархиската гимназија во Одрин.

Работел како учител по бугарски јазик во бугарската гимназија во Солун. Во учебната 1902/1903 и од 1904 до 1910 година предавал во Солунската женска гимназија.[3] За кратко време е и управител на гимназијата.[4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads