Токелау
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Токелау (токелајски: Tokelau) е територија која му припаѓа на Кралството Нов Зеланд. Се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан. Островите Токелау се составени од 3 големи атоли. Овие острови имаат своја влада надвор од она на Нов Зеланд,а од 1976 година службеното име му е Острови Токелау, но денес се сретнува и името Сојузни острови кое е постаро.
Remove ads
Етимологија и последици од името
Зборот токелау на полинезиски значи северен ветер, а во примена е од 9 декември 1976 како офоицијално име на оваа островска територија.
Всушност денес многу често се употребува само Токелау наместо Острови Токелау што е и службеното име на територијата. Тоа е за да може полесно да се одреди географската структура на територијата, односно дека станува збор за острови.
Географски одлики
Островите Токелау се наоѓаат во јужниот дел обиколен од Тихиот Океан, помеѓу 171° и 173° ЗГД и од 8° до 10° ЈГШ. Најголеми се трите атоли Атафу, Нукунону и Факаофо. Овие острови зафаќаат површина од 10.8 км2, ана нив живеат околу 1.500 жители.
Поради големата близина до екваторот на овие острови владее топла екваторска клима, којашто поради приморската област е со нешто пониски температури.
За разлика од Нов Зеланд, во Токелау времето се смета 10 часа порано според Гринич, а тоа е цели 22 часа разлика во однос на Нов Зеланд.
Remove ads
Демографија
Во Токелау целото население од 1.500 жители го сочинуваат Полинезијци, а службени јазици се токелајскиот и англискиот. Земјата има многу слабо развиена економија, а не располага со некои ресурси, па поради тоа многу од нив се селат до островите со поголеми можности како Нов Зеланд и Самоа.
Населението главно се занимава со риболов, и тоа со лов на туна.
Населението главно е со христијанска вероисповед, и тоа најмногу од нив се методисти,по нив се католиците, а многу мал дел од населението се припадници на некоја од локалните религии. На островите Атафу и Факаофо има методистички цркви, а на Нукуну католичка црква.
Поврзано
Белешки
- Секој атол има свој административен центар.
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads