Толковен речник на македонскиот јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Толковен речник на македонскиот јазик – шесттомен толковник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во периодот од 2003 до 2014 година под редакција на Кирил Конески (главен уредник), Живко Цветковски и Снежана Велковска (раководител на проектот)[1][2]. Истиот содржи 100 000 збора[2] и е првиот толковен речник на македонскиот јазик. Првиот речник на македонскиот јазик е „Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања“ издаден во периодот од 1961 (I том) до 1966 година (III том) е со српскохрватски толкувања и содржи околу 65 000 збора.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads