Томас Вермален

From Wikipedia, the free encyclopedia

Томас Вермален
Remove ads

Томас Вермален (роден на 14 ноември 1985 година, во Капелен) — поранешен белгиски фудбалер, играч од одбраната и поранешен репрезентативец на Белгија (2006-2021).

Кратки факти Томас Вермален, Лични податоци ...

Вермален се приклучил на младинската академија на Ајакс во 2000 година, а за време на сезоната 2003-2004, неговата прва со првиот тим, го холандското првенство со Ајакс. Дресот на Ајакс го носел цели шест сезони, а во 2009 година по заминувањето на Клас-Јан Хунтелар, тој бил назначен и за капитен на амстердамскиот гигант. Во 2009 година, Вермален потпишал за Арсенал и веќе во својата прва сезона бил избран во тимот на годината на Премиер Лигата. Со трансферот на  Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед во август 2012 година, тој бил избран за капитен на топџиите, но неговите игри и минутажата биле ограничени поради добрите игри на одбранбениот тандем Мертезакер-Кошчелни. Во август 2014 година, тој се преселил во Барселона за 15 милиони евра,[3] каде поради бројните повреди не успеал да се наметне. Откако една сезона бил позајмен во Рома, во 2019 година се приклучил на јапонскиот Висел Кобе, каде и ја завршил својата кариера во 2021 година.

За репрезентацијата на Белгија, Вермален дебитирал во 2006 година и настапувал се до 2021 година, забележувајќи 85 настапи и 2 гола. Во дресот со државниот грб учествувал на две Светски првенства во 2014 и 2018 и две Европски во 2016 и 2020, како и на Олимписките игри 2008.

Remove ads

Титули

Холандија Ајакс

2003-2004
  • Куп на Холандија Куп на Холандија : 1
2005-2006, 2006-2007
  • Суперкуп на Холандија Суперкуп на Холандија : 1
2006, 2007

Англија Арсенал

2020-2021

Шпанија Барселона

2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019
  • Куп на Шпанија Куп на Шпанија : 2
2015–2016, 2017–2018
2015

Јапонија Висел Кобе

  • Куп на Императорот : 1
2019
  • Суперкуп на Јапонија : 1
2020

Репрезентативни

Белгија Белгија

Бронзен медал Трето место: 2018
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads