Тома I Цариградски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тома I Цариградски — Цариградски патријарх во периодот од 607 до 610 година.
Живеел во времето на царевите Маврикиј и Фока и во времето на патријарсите св. Јован Посник и Киријак. Забележан од св. Јован поради големото благочестие и ревноста, тој од овој светител бил поставен во чин сакелариј на Патријаршијата (патријаршиски намесник), а по смртта на Киријак II Цариградски, бил избран за патријарх.
Според христијанското верување, во неговото време се случила една необична случка: кога еднаш се одело на литија со крстови, крстовите почнале да се нишаат самите од себе и да се удираат еден од друг. На тоа се зачудил сиот народ; и кога патријархот дознал за овој настан, го повикал Теодор Сикеотски, прочуен испосник и мислител кпого го замолил да му објасни за какво претскажување станува збор. Теодор му кажал на патријархот дека тоа ги означува големите беди што ќе настапат и за црквата и за Византија поради внатрешните верски и политички поделби. Христијаните едни со други ќе војуваат и ќе се убиваат меѓусебно. сето ова наскоро се овистинило. Починал во 610 година.[1].
Православната црква слави празник во негова чест на 21 март.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads