Томи Ли Џонс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Томи Ли Џонс
Remove ads

Томи Ли Џонс (роден на 15 септември 1946 година) е американски актер.Тој е добитник на разни признанија; Оскар, Златен глобус, награда Прајмтајм Еми и две награди од Здружението на филмски глумци.

Кратки факти Томи Ли Џонс, Роден(а) ...

Откако се појавил во неколку проекти од 1960-тите до 1980-тите, Џонс се етаблирал како главна ѕвезда во 1990-тите, познат по своите груби и авторитетни филмски улоги. Тој ја освоил наградата Оскар за најдобар глумец во споредна улога за неговата изведба како Семјуел Џерард во трилерот Бегалецот (1993).[1] Други номинирани за Оскар улоги кои тој ги играл се во ЏФК (1991), Во долината на Ела (2007) и во Линколн (2012). Тој го играше агентот К во франшизата Луѓе во црно. Други негови значајни улоги биле во Ќерката на рударот (1980), Вулкан (1997) Под опсада (1992), Родени убијци (1994), Клиентот (1994), Бетмен засекогаш (1995), Двојна опасност (1999), Нема земја за старци (2007), Капетан Америка: Првиот одмаздник (2011), Џејсон Борн (2016) и Ад Астра. (2019).

Џонс ја освоил наградата Прајмтајм Еми за најдобар главен глумец во ограничена серија или филм за неговата улога како погубениот убиец Гари Гилмор во Песната на џелатот (1982). Тој бил дополнително номиниран за улогата на тексашкиот ренџер Вудроу Ф. Кол во телевизиската мини-серија Осамен гулаб (1989). Тој го играл Хауард Хјуз во филмот Неверојатниот Хауард Хјуз (1977).

Remove ads

Поврзано

  • Список на актери со повеќе од една номинација за Оскар во актерските категории

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads