Тони Делков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тони Делков (29 март 1977 во Неготино) — политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Неготино. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 54,55% од вкупните 16.084 гласови. Завршил средно училиште во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино.
Remove ads
Делков по завршувањето на средното училиште 14 години бил вработен во Фабрика за кабли Неготино. Започнал како магационер, напредувал во комерцијалист, задолжен за продажба на кабел. Пред стапувањето на функцијата градоначалник бил сопственик на две приватни фирми со петмина вработени.[1]
Петнаесет години бил активен спортист во РК Повардарие и бил дел на младинската репрезентација во ракомет на Република Македонија[1].
Оженет е со сопругата Надица и татко е на два сина на возраст од 9 и 5 години.
Remove ads
Тони Делков е член е на СДСМ од 1996 година, активен во сите органи и тела на партијата. Во 2 мандата бил секретар на ОО СДСМ Неготино.
Бил избран за советник во Советот на Општина Неготино, на локалните избори во 2013 како кандидат на списокот на СДСМ.
Бил номиниран за кандидат за градоначалник во 2017, а на одржаните локални избори истата година, Делков остварил убедлива победа во првиот круг и станал градоначалник на општина Неготино со мандат истата да ја извршува во периодот од 2017-2021 година[2].
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads