Топчеста молња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Топчеста молња — малку позната појава на атмосферски електрицитет, за која се објаснува како светлечко топчесто тело кое може да биде со пречник со големина на грашок до неколку метри. Се поврзува со молњевитите бури, но трае подолго од блесокот на молњите. Многу стари записи тврдат дека топчестата молња може да експлодира, понекогаш со тешки последици, оставувајќи по исчезнувањето мирис на сулфур. Во некои записи се зборува дека може да се појави и без присуство на молњевити облаци.

Некои лабораториски експерименти добиле слични појави на топчестата молња, но до денес сè уште не се знае дали тие се поврзани со природните појави. Научните податоци за овие појави во природата се малку на број поради непредвидливостите и реткоста. До пред определен период се сметало дека топчестите молњи се измислици.[1][2][3].
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads