Торе Андре Фло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Торе Андре Фло (роден на 15 јуни 1973) — пензиониран норвешки фудбалер, напаѓач. Тој настапил 76 пати и постигнал 23 гола за норвешката репрезентација, а ја претставувал својата земја и на Светското првенство 1998 и на Европското 2000-тата. Тој исто така и го постигнал првиот гол за Норвешка, во историската победа на неговата земја над Бразил со 2-1 со која тие обезбедиле место во втората фаза на Светското првенство 1998 во Франција.
Во текот на својата професионална кариера, Фло играл за Согндал, Тромсе и Бран во норвешката Премиер лига, пред да се пресели во странство каде најпрво играл за Челзи. По успешниот престој во англискиот клуб, тој бил продаден на Ренџерс за сума од 12.000.000 £ и станал најскапиот норвешки играч. Фло подоцна играл и за Сандерленд, Сиена, Валеренга и Лидс Јунајтед пред да го најави своето пензионирање во март 2008 година. Тој подоцна направил два comeback-а, потпишувајќи со МК Донс во ноември 2008 година и со норвешкиот клуб во кој и тргнала неговата професионална кариера Согндал во март 2011 година. Во август 2012 година тој го објавил своето пензионирање по третпат.
Фло потекнува од селото кое го носи името како и неговото презиме во општината Стрјун во Согн и Фјуране, Норвешка. Тој потекнува од семејство на фудбалери, бидејќи и неговиот брат Јостеин Фло и неговиот братучед Хавард Фло исто така се поранешни репрезентативци на Норвешка.
Remove ads
Титули
Клупски
Челси
- ФА Куп : 1
- 1999-2000
- ФА Черити Шилд : 1
- 2000
- Лига куп : 1
- 1997-1998
- 1997-1998
- Суперкуп на УЕФА : 1
- 1998
Ренџерс
- Шкотски куп : 1
- 2001-2002
- Лига куп на Шкотска : 1
- 2001-2002
Поединечни
- Норвешки фудбалер на годината : 1
- 1998
Надворешни врски
- Tore André Flo player профил на mkdons.com
- профил на soccerway
- http://www.toreandrefloacademy.com/ Архивирано на 3 јуни 2013 г.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads