Требенишко Езеро
Природно езеро во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Требенишко Езеро (познато и како Бобано[1]) — природно езеро во непосредна близина на селото Требеништа, кое претставува најмладото природно езеро во Македонија настанато по природен пат.
Remove ads
Местоположба

Се наоѓа на исток од село Требеништа на околу 1 км од центарот на селото[2]. Езерото е природно, настанало пред околу средината на XX век кога од ридот Габер дошло до лизгање на земјиштето и се затворило коритото на потокот кој течел од Горно Поле према с. Требеништа и се влевал во каналот на река Сатеска. Езерото се протега исток-запад. Должината изнесува околу 200 м а ширината околу 80 м[2]. Максималната длабочина изнесува околу 5 м, акумулира околу 30.000 м3 вода. Нивото на водата во летниот период се намалува од максимална за околу 2 м во висина. Северниот и западниот брег се пострмни а јужниот и источниот се поблаги[2]. Во езерото се влева поток кој доаѓа од Горно Поле од источната страна а од езерото истекува поток кој извира под самото лизгалиште каде што и порано пред создавањето на езерото течел потокот, а се влева во каналот на река Сатеска. Водата во езерото е матна[2]. Поради својата убава околина со ридови обраснати со зимзелена и листопадна шума, езерото е излетничко место, заради што непосредно до него се изградени и неколку летниковци. Непосредно покрај езерото минува и земјен пат кој води до селото Ливоишта, кој е многу погоден за велосипеди, а е во возна состојба и за сите видови моторни возила.
Remove ads
Рибен свет

Езерото е доста погодно и привлечно за рекреативен риболов[2]. Во езерото постојат следните видови на риби: крап, клен, писа, јагула, црна мрена, плашица, грунец, моранец и амурче. Во 1998 година од голема суша дошло до намалување на водата во езерото и најголемата длабочина изнесувала помалку од 2 м[2]. Во езерото, во минатото, од страна на концесионерот се констатирани неколку масовни помори на риба настанати како резултат на наалување на волуменот и појавата на бескислородни зони. Најголем помор е забележан кај: плашицата, кленот, мрената и моранецот во 2000 година. Во 2002 г. Езерото е порибено со околу 150 примероци на подмладок јагула и во два наврати со по 40-50 примероци на полово зрели единки на писа. Во 2004 г. порибено е со околу 100 примероци на подмладок од клен[2]. Во 2005 г. порибено е со околу 100 примероци на подмладок на јагула. Исто така и во 2009 г. порибено е со околу 100 примероци на подмладок од јагула[2]. Дополнително Езерото е порибено со рибата од Слатинско езеро која е префрлена за да се избега еколошка катастрофа, со околу 500 примероци на крап со тежина од 300 грама до еден килограм[1].
Remove ads
Галерија
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
- Поглед на езерото
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads