Трентски собор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трентски собор
Remove ads

Трентскиот собор бил деветнаесеттиот вселенски собор на католичката црква. Се состанал во Тренто, денес северна Италија на 13 декември 1545, и траел, во 25 седници низ три периоди, сѐ до 4 декември 1563. Првите 8 седници се одржале во Тренто (1545-1547), 9-11 седница во Болоња (1547), 12-16 во Тренто (1551-1552), а последните 9 седници се одржале повторно во Тренто (1559-1563). Со соборот претседавале тројца папи: Павле III до 1547, Јулиј III до 1552 и Пиј IV до 1563.

Thumb
Тицијан: Папата Папа Павле III го отвора Трентскиот собор

Соборот се смета за еден од најзначајните собори на црквата,[1] бидејќи бил реформски, како одговор на ширењето на протестантското движење.

Соборот издал осуди на „протестантскиот ерес“ и ги зацврстил црковните учења на католичката црква во домените на скриптурата, традицијата, изворниот грев, оправданието, богослужението, евхаристијата и обожувањето на светите. Издал и неколку реформски декрети.[2] Дефинирајќи ја католичката доктрина за спасението, богослужбите и библиските канони, Соборот всушност одговорил на аргументите на протестантската реформација.

Трентскиот собор, иако издолжен и прекинуван неколкупати поради политички и верски несогласувања, претставувал значајна реформа на католичката црква и отелотворение на она што се нарекува контрареформација. Се смета за прв современ вселенски собор на католичката црква, чии достигања продолжуваат да живеат во неа до денес.[3][4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads