Трета македонско-римска војна

Војна меѓу Римјаните и Македонците From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Третата македонско-римска Војна се одвивала од 171 п.н.е. до 168 п.н.е. Војната се водела помеѓу Римската Република и македонскиот крал Персеј.[1] Во 179 п.н.е. македонскиот крал Филип V умрел и неговиот честољубив и надарен син Персеј го наследил престолот. Персеј се оженил со Лаодика, ќерка на кралот Селевк IV и со тоа го зголемил бројот на својата армија. Исто така Персеј направил сојуз со племиња од Илирија и Тракија. Кралот изјавил дека ќе направи реформи и ќе ги поврати изгубените територии, мислејќи на карпестата и пуста Грција.

Кратки факти Трета македонско-римска војна, Датум ...

По почетните успеси на Персеј тој бил поразен од војската на Римската Република во Битката кај Пидна, 168 п.н.е. 27 000 македонски војници биле поразени бидејќи македонската фаланга не дејствувала соодветно. Кралот бил фатен и однесен во Рим. Голем број на македонски градови и села биле уништени.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads