Трети мај 1808
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трети мај 1808 (на шпански: El tres de mayo de 1808 en Madrid или Los fusilamientos de la montaña del Príncipe Pío,[1] или Los fusilamientos del tres de mayo) [2] е слика од шпанскиот сликар Франсиско Гоја која ја завршил во 1814 година, а денес се наоѓа во музејот Прадо во Мадрид. Во оваа слика, Гоја се обидел да го овековечи шпанскиот отпор кон Наполеоновите војски за време на Полуостровската војна. Оваа слика, заедно со неговото придружно дело со иста големина, Втори мај 1808, била нарачана од привремената влада на Шпанија на предлог на Гоја.
Содржината, презентацијата и емоционалната сила на сликата ѝ го даваат статусот на револуционерна, архетипска слика на ужасите на војната. Иако се заснова на многу извори од висока и популарна уметност, Трети мај 1808 претставува јасно отстапување од конвенцијата. Отстапувајќи од традициите на христијанската уметност и традиционалните прикази на војната, таа е без преседан и се смета како една од првите слики од модерната ера. [3] Според историчарот на уметност Кенет Кларк, Трети мај 1808 е „прва добра слика што може да се нарече револуционерна во секоја смисла на зборот, по стил, тема и намера“. [4]
Трети мај 1808 била инспирација за Џералд Холтом да го дизајнира знакот за мир и инспирација за многу подоцнежни значајни слики, како серија од Едуар Мане и Масакр во Кореја и Герника од Пабло Пикасо.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads