Тримерна графика

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тримерна графика
Remove ads

Тримерна графика, 3D-графика или тридимензионална графика — гранка на сметачка графика посветена на методи за создавање слики или видеозаписи со моделирање на тримерни објекти.

Thumb
Пример за тримерна графика

3D-моделирање е процес на создавање тримерен модел на објект. Задачата на 3D-моделирањето е да развие видна тримерна слика на саканиот објект. Во овој случај, моделот може или да одговара на објекти од вистинскиот свет (автомобили, згради, ураган, астероид) или да биде целосно апстрактен (проекција на четиримерен фрактал).

Remove ads

Историја

Вилијам Фетер бил заслужен за создавањето на изразот сметачка графика во 1961 г. за да ја опише неговата работа во Боинг.[1][2] Раниот пример на интерактивна тримерна графика бил истражен во 1963 г. од програмата Sketchpad во лабораторијата Линколн на Масачусетскиот технолошки институт.[3] Еден од првите прикази на сметачка анимација бил филмот „Иден свет“ (1976), кој вклучувал анимација на човечко лице и рака што првично се појавиле во експерименталниот кусометражен филм „Сметачка анимирана рака“ од 1971 г., создаден од студентите од Универзитетот во Јута, Едвин Катмул и Фред Парк.[4]

Програмската опрема за тримерна графика почнала да се појавува за домашни сметачи во доцните 1970-ти. Најраниот познат пример е 3D Art Graphics, збир на сметачки 3D-графички ефекти, напишани од Казумаса Митазава и објавени во јуни 1978 г. за Apple II.[5][6]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads